ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ЗАПЛЕНЕТИ РАБОТИ НА УЈП PDF Print
There are no translations available.

  Заменик – претседателот на Владата на РМ и Министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски свечено го отворија новиот ,, Центар за складирање и впаричување на запленети движни работи ,, во Неготино кој е формиран со цел за модернизирање и зголемување на ефикасноста на деловните процеси поврзани со постапките на присилна наплата на даночните долгови. Основна цел на Центарот е на едно место да се сместуваат и да се чуваат, како и од едно место да се располага со работите кои УЈП ги запленува во постапките надворешна контрола и присилна наплата, функција која досега беше децентрализирана.
    Локацијата на центарот не случајно е избрана да биде во центарот на Македонија, во Неготино. Имено, еднаквата раздалеченост од било кое место во државата до нашиот град, ќе овозможи полесен пристап и намалување на трошоците на клиентите заинтересирани за работите кои се предмет на купопродажба, а кои досега требаа да посетат повеќе локации за да ги разгледаат или евентуално да купат од истите.