Неготинските наставнички Димова и Вељановска меѓу најдобрите во регионот PDF Print
There are no translations available.

  Деновиве во Кинотека на Македонија се одржа Првата регионална конференција на најдобрите наставници од повеќе држави од регионот. Конферецијата беше организирана од Асоцијацијата на најдобри наставници на чело со најдобрите наставнички во светски рамки Весела Богдановиќ и Жељана Радојчиќ- Лукиќ а со поддршка на Просветно дело и амбасадорите проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Сузана Киранџиска и м-р Ксенија Маказлиева- Трајчева,и имаше за цел да ја развие идејата за вмрежување и соработка на најдобрите наставници од регионот. Беа промовирани 40-те  најдобри наставници од овие простори кои се избрани според критериуми за високи достигнувања на меѓународно и државно ниво, залагања во локалната заедница, учество во меѓународни и државни проекти, учество на конференции, издадени трудови во областа на педагогијата и сл. На листата на најдобри наставници се најдоа и две наставнички од нашиот град, наставничката по Музичко образование во ООУ "Гоце Делчев", м-р Павлинка Вељаноска и наставничката по информатика во ООУ "Страшо Пинџур" Георгина Димова.