Од средината на март регионалниот пат Неготино-Пепелиште ќе бида затворен за сообраќај PDF Печати

   Од  Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека се врши санација на мостот над реката Вардар на регионалниот пат Р1103, делница Неготино-Пепелиште, при што во наредниот период ќе се демонтираат постоечките АБ носачи, со што нема да може да се одвива сообраќајот по мостот, а со тоа регионалниот пат Неготино-Пепелиште ќе биде затворен за сообраќај. Паралелно со одвивањето на споменатите работи, Јавното претпријатие за државни патишта врши подготовки за оспособување за нормално одвивање на сообраќајот на локалниот пат Неготино-Криволак-мост на реката Вардар-приклучување на Р1103 кај селото Пепелиште. Се информираат сите граѓани дека поради присутната состојба на мостот ќе може да се одвива сообраќај на возила со вкупна маса од 7,5 тони и како ограничување во однос на висината на возила до 3,6 метри. Затворањето на споменатата делница треба да се случи кон средината на месец март за што јавноста благовремено ќе биде информирана. Имајќи предвид дека е предвидено патот да биде затворен за сообраќај подолг временски период, населението преку средствата за јавно информирање ќе биде информирано за текот на одвивањето на работите.