Комплетно реновирани санитариите во подрачното училиште во Д.Дисан PDF Печати

   Со сопствени средства во висина од околу 500.000 денари обезбедени од Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Неготино, се изврши комплетно реновирање на санитариите во подрачното училиште во Д.Дисан. Како што информираше директорот на училиштето Петар Мантев, извршена е целосна промена на старата и нефункционална водоводна и фекална мрежа која е заменета со нова, поставени се нови врати, електрика, плочки и други елементи во сите простории, со што се придонесе за подобрување на хигиенските услови и за учениците и за наставниците од училиштето во Д.Дисан. Новите санитарии се веќе ставени во функција, а комплетното реновирање беше изведено во период од 25 до 30 денови.