Со грант од амабасадата на Јапонија ќе се поставува парно во училиштето во Д.Дисан PDF Print
There are no translations available.

   Присуството на одбележувањето на 25-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Македонија, директорот на ООУ„Гоце Делчев“ Петар Мантев и раководителката на Одделението за локален економски развој при општина Неготино Лолита Ристова го искористија за потпишување на грант одобрен од амбасадата на Јапонија за потребите на неготинското основно училиште. Како што информираше директорот Мантев, станува збор за обезбедени средства во висина од 30.500 евра кои комплетно ќе бидат наменети за поставување парно греење во сите простории во подрачното училиште во Долни Дисан кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“. Се очекува средствата да бидат префрлени до крајот на март, а периодот од април до август ќе се искористи за одвивање и завршување на работите во делот на поставувањето на парно греење, што значи дека на почетокот на наредната учебна година во сите простории во подрачното училиште во Д.Дисан ќе функционира новопоставеното парно греење, со што ќе се создаде попријатна атмосфера за одвивање и следење на образовно-воспитниот процес.