Во Неготино се одржа научна конференција „Св.Трифун-обичаи,верувања,ритуали“ PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино и Музејот на град Неготино во рамките на „Неделата на виното-Св.Трифун 2019“ во нашиот град се одржа научна конференција на тема „Свети Трифун-обичаи, верувања, ритуали“ на која претставници на научната фела од неколку универзитети од земјава дискутираа на повеќе теми. Настанот го отвори градоначалникот Тони Делков кој истакна дека гостувањето на еминентни професори и  учеството на конференцијата е можност преку нивните стручни излагања најдиректно да се долови празнувањето на Свети Трифун, а истовремено тоа да биде придобивка за локалната самоуправа во правец на остварувањето на напорите за унапредување на можностите и перспективите кои ги нуди винскиот туризам за Неготино преку спроведување на препораките и укажувањата каде општина Неготино треба да се насочи во иднина на овој план. На научната конференција „Св.Трифун-обичаи,верувања,ритуали“ стана збор за култот на Св.Трифун во земјава, обичаите поврзани со празникот, обредите како знак на распознавање на локалните заедници, но и Св. Трифун во правец на развој на винските рути и винскиот туризам во нашата држава.