Се одржа „Ден на вранец“ на индивидуални производители и „Раванијада“ PDF Печати

   Традиционално како и секоја, така и оваа година во Галеријата на виното во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“ се одржа „Ден на вранецот“ со учество на индивидуални производители и „Раванијада“, настан кој беше проследен од голем број заинтересирани граѓани. Пригодно обраќање пред присутните имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој истакна дека денеска се дегустираше едно од најквалитетните неготински вина-вранец произведено од индивидуални производители чиј квалитет од година во година е на се повисоко ниво, а сето тоа збогатено со вкусна раванија. Градоначалникот упати јавна благодарност до сите кои беа вклучени во подготовките и организацијата на овој настан кои со своето учество даваат придонес во остварувањето на целта за негување и зачувување на традицијата и давање локален белег на настанот. Присутните имаа можност да проследат и пригодна програма исполнета со поезија и афоризми за виното подготвена од ученици и наставници од ООУ„Гоце Делчев“, а потоа сите заедно уживаа во дегустацијата на виното „вранец“ на неготинските индивидуални производители.