Се одржа предавање на тема„Работи во лозов насад и прилагодување кон климатски промени“ PDF Печати

   Голем број заинтересирани земјоделци од општина Неготино до последно место ја исполнија големата сала на локалната самоуправа во која се одржа настан од едукативен карактер. Имено, во рамките на „Неделата на виното-Св.Трифун“ во организација на општина Неготино и Националната федерација на фармери на Република Македонија, професор д-р Климе Белевски од Земјоделскиот институт при УКИМ од Скопје одржжа предавање на тема „Сезонски работи во лозов насад и мерки за адаптација кон климатските промени“. Паралелно, во фоајето во организација на Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од нашиот град беа изложени публикации од областа на земјоделството кои им беа ставени на располагање на присутните земјоделци кои го проследија предавањето.