Советување за индивидуални производители на вино и ракија PDF Печати

 Во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“ , а по одржувањето на дегустацијата, денеска во големата сала на општина Неготино се одржа советодавен настан на кој присуствуваа индивидуални производители на вино и ракија. На настанот пред присутните производители, како и членовите-енолози на комисијата која ги оценуваше вината и ракиите, говореше Игне Тасев кој ги изнесе забелешките и сугестиите до индивидуалните производители во однос на квалитетот на доставените мостри на натпреварот во дегустација на вина и ракии, а присутните имаа и можност да поставуваат прашања во делот на унапредувањето на процесот на производство на вина и ракии во домашни услови. Тасев истакна дека секоја година квалитетот на мострите вина и ракии е се подобар, а токму една од причината се и советите кои индивидуалните производители ги добиваат од стручните лица.