Започнаа активностите од „Неделата на виното-Св.Трифун 2019“ PDF Print
There are no translations available.

  Со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители започнаа активностите и настаните во рамките на „Неделата на виното“ која се организира во чест на празникот Свети Трифун. На јавниот повик за пријавување за учество на натпреварот, оваа година пристигнаа рекордни 70 мостри на вина и ракии, што значи дека постои зголемен интерес за учество во изборот на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Од нив, 12 мостри се од бели вина, 28 од црвени вина и 28 мостри од ракија и истите се оценуваат од страна на 6-члена стручна комисија составена од енолози. Оценувачите истакнуваат дека од година во година квалитетот на вината и ракиите е се поголем, меѓу другото благодарението на советите, мислењата и сугестиите што тие им ги даваат, а производителите ги прифаќаат и применуваат во пракса. Во категориите бели и црвени вина и ракии ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место, а истите на добитниците ќе им бидат врачени во четврток за време на централната манифестација по повод Свети Трифун на градскиот плоштад во Неготино.