Утре (вторник) започнува празнувањето на Свети Трифун PDF Print
There are no translations available.

   Со натпревар во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители и советодавен настан со нив, од утре, вторник 12-ти февруари започнува и до четврток 14-ти февруари во вечерните часови ќе трае празнувањето на Свети Трифун. Во попладневните часови утре во 18ч. ќе се одржи предавање на тема „Сезонски работи во лозов насад и мерки на адаптација кон климатски промени“, а предавач во салата на општината ќе биде проф.д-р Климе Белевски од Земјоделскиот институт од Скопје со изложба на публикации од областа на земјоделието. Во среда во манастирот „Св.Ѓорѓи“ ќе се одржи промотивно-дегустациониот и продажен настан Ден на вранецот од индивидуални производители збогатен со раванијада, следува Мастер клас за виното Вранец со учество на регионални винарии од регионот, во попладневните часови од 16 до 18ч. ќе се одржи научна конференција на тема „Св.Трифун и виното-верувања, обичаи,ритуали, додека од 19ч. ќе се одржи традиционалната копаничарска изложба на здружението Стари занаети. Централниот настан е на 14-ти февруари на самиот ден на Св. Трифун со затворање на научната конференција, организирана винска тура за домашни посетители од Вардарскиот плански регион, отворање на штандови на винарии на градскиот плоштад, фолклорно дефиле и од 12 часот следи отворање на централниот настан,симболично закројување на виновата лоза, прогласување на наградените од натпреварот за најдобри вина и ракии, по што следува извонредно богата забавно-музичка програма со настап на познати имиња од македонската естрада која е предвидено да трае до 19 часот.