Нова пумпа за водоснабдување за потребите на жителите на Тремник PDF Печати

   Работници на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино се присутни на терен и работат на поставување на нова пумпа за водоснабдување за потребите на жителите на селото Тремник. Како што информираат одговорните, поради дефект прво е демонтирана и отстранета старата пумпа која ќе се репарира, по што е пристапено кон чистење и перење на бунарот за создавање услови за поставување на новата пумпа од 18,5 киловати. Се очекува во текот на денот новата пумпа да биде поставена и ставена во функција со што ќе се придонесе за стабилизирање и подобрување на снабдувањето со вода за пиење на жителите на неготинското село Тремник.