Неготино домаќин на првиот од цклусот од 42 еднодневни спортски настани PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска за отворен го прогласи првиот еднодневен спортски настан кој е дел од проектот на Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата на училишни спортови. Градоначалникот Делков во обраќањето до учесниците и организаторите на настанот истакна дека му е задоволство што токму Неготино е домаќин на првиот од циклусот на 42 вакви еднодневни настани на кои учество ќе земат околу 2.800 деца од цела држава од 80 основни училишта кои пак ќе се одржат во вкупно 21 општина. Во секоја општина ќе има по 2 еднодневни настани од кои денешниот беше за учениците од второ и трето одделение, а во понеделник учество ќе земат ученици од четврто и петто одделение. Делков на учесниците и организаторите им посака успешно спроведување на агендата за работа и притоа од името на Федерацијата на училишни спортови на Македонија на претставниците на 4 училишта од кои 3 од Неготино и 1 од Д.Капија им додели по една фудбалска топка.