Расчистени улици и патишта, се санираат и штетите од снегот PDF Print
There are no translations available.

   Сите поважни и фреквентни улици во градот се расчистени и проодни, а исто така проодни се и патиштата кои водат до населените места во општината. Од вчера екипи на фирмата задолжена за зимско одржување на улиците и патиштата, работници на ЈП Комуналец и на локалната самоуправа континуирано се присутни на терен и се ангажирани околу расчистувањето на снегот од улиците и тротоарите, во централното градско подрачје се прават патеки за олеснето движење на пешаците, сопствениците на деловни објекти го чистат снегот пред истите, а исто така и голем број граѓани го расчистуваат просторот пред своите домови. Специфичниот снег направи големи штети, па токму затоа се отстрануваат паднати дрвја од тежината на снегот на повеќе локации во градот, се интервенира со чистење на дрвја на кои им се заканува паѓање, се чистат споредните улици и тротоари, односно се прават максимални напори да се овозможи безбедно движење на возилата и пешаците на цела територија на општина Неготино. Активностите продолжуваат и ќе траат се додека е потребна интервенција на терен.