Течат подготовките за одбележување на празникот „Недела на виното -Св. Трифун 2019“ PDF Print
There are no translations available.

   Како и секоја, така и оваа година општина Неготино благовремено  започна со подготовки за одбележување на „Неделата на виното -Св. Трифун 2019“ со  посебен акцент на празникот на лозарите и организирање  на централниот настан на 14-ти февруари. Во присуство на претставници на локалната самоуправа, лозари, винарии, енолози, здруженија на граѓани, образовни установи,превозници  и други се одржаа два состаноци на кои присутните беа запознати со предлог-програма за одбележување на „Св.Трифун“, при што и самите имаа можност да дадат прелиминарни забелешки и предлози. Според предлог-агендата, оваа година манифестацијата со која ќе се одбележи празникот на лозарите и винарите е насловена како „Недела на виното-Св. Трифун 2019“, а предвидено е истата да трае 3 дена со бројни активности кои ќе се одржуваат во деновите вторник, среда и четврток ( 12, 13 и 14 февруари ). Општина Неготино и за оваа година предлага  спроведување на повеќе нови проекти во рамките на манифестацијата, а главната цел е во текот на трите дена од одбележувањето на празникот во Неготино да се привлечат што е можно повеќе гости од регионот, земјава и странство  а со тоа манифестацијата да се издигне на ниво  на препознатлива стопанско-туристичка манифестација.