Јован Богев најсреќен неготинец на Водици PDF Print
There are no translations available.

   Она што во 5 обиди предходно не му успеа на неговиот родител Борче, денеска го стори неговиот 15-годишен син Јован Богев. Имено младиот Јован денеска беше најсреќен и од сите учесници успеа да стигне прв и да го фати крстот во осветените води на реката Вардар посакувајќи си многу здравје и среќа во 2019 година. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на Јован му врачи пригоден подарок, му посака се најдобро, а на сите граѓани на општината им ги честиташе празниците Богојавление-Водици и Јован Крстител со желби за добро здравје, среќа и бериќетна година. Свештеникот од МПЦ Свети Атанасиј на Богев му врачи примерок од Светото писмо и икона, а традиционално лицето кое го фати крстот доби подарок и од покровителот Зегин. Настанот помина во најдобар ред и во присуство на илјадници граѓани на општина Неготино.