Апел да се тргнат возилата од улиците за непречено расчистување на снегот PDF Печати
   Новите врнежи од снег придонесоа службите за одржување на улиците и патиштата во општина Неготино веднаш да излезат на терен и да интервенираат за расчистување на новите наноси од снег. Екипи на фирмата задолжена за зимско одржување Коп инженеринг, работници на ЈП Комуналец и стручни лица од општината се присутни на терен и се ангажирани околу расчистувањето на снегот на најфреквентните улици, тие кои водат до установи кои се најчесто посетувани од граѓаните, централното подрачје и секундарната улична мрежа. Со цел за непречено одвивање на работите, надлежните апелираат до сопствениците на возила истите да ги тргнат од улиците, како би можела ангажираната механизација да врши нивно комплетно чистење по должина и ширина на улиците и патиштата.