Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБожикна честитка од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков |
![]() |
![]() |
Почитувани сограѓани, верници од Православна вероисповед ! По повод одбележувањето на големиот Христијански празник, Раѓањето Христово-Божик, од мое лично име и од име на општина Неготино Ви упатувам искрени и срдечни честитки со желби за добро здравје, духовен мир, меѓусебно почитување и разбирање. Во духот на Христијанството, а почитувајќи ги и негувајќи ги заедништвото и хуманоста како едни од најголемите човекови вредности, овој празник нека биде причина повеќе да споделите убави и пријатни моменти со семејството, најблиските и пријателите. Вашите домови во деновите од Божикните празници нека бидат исполнети со надеж, добрина и верба и истите нека ве водат во деновите што доаѓаат. Христос се роди-Вистина се роди ! Среќен Божик ! |