Четиридневна празнична новогодишна програма во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Со одигрувањето на театарската претстава „Че се омажам за него и точка“ во изведба на учениците од ООУ„Гоце Делчев“ под менторство на професорката Весна Ристова во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, во нашиот град започнаа активностите од четиридневната празнична новогодишна програма која општина Неготино ја организира во соработка со воспитно-образовните установи со единствена цел преку музика, пеење, игра и смеење да се донесе новогодишната магија до срцата на сите посетители на настаните кои се дел од богатата новогодишна програма. Во реализацијата на културно-забавните случувања денеска се вклучија и нашите најмлади сограѓани- дечињата од двата клона на детската градинка „Фемо Кулаков“ кои го одбележаа доаѓањето на Дедо Мраз и Новата година. Програмата ќе трае до 27-ми овој месец  со одржување на традиционалниот новогодишен концерт на ОМУ„Владимир Аесовски“ во среда и новогодишен базар и новогодишно доживување на учениците од ООУ„Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“. Општина Неготино ги поканува сите заинтерсирани граѓани да ги проследат понудените содржини и заеднички да уживаат во новогодишното расположение.