Апел од општината да не се горат стари гуми, пластика и прегорено масло за затоплување PDF Печати

   При спроведувањето на секојдневните работни обврски, од страна на комуналните редари при општина Неготино регистрирана е употреба на пластика, прегорено масло од возила и стари гуми за затоплување на домовите кај одредени семејства или пак при процесот на варење ракија. Токму затоа, од локалната самоуправа се апелира до овие граѓани да престанат со употреба на вакви материјали кои придонесуваат за загадување на амбиенталниот воздух и за таа цел најпрво ќе бидат опоменувани од страна на комуналните редари кои во континуитет се присутни на терен и ги регистрираат ваквите состојби. Доколку превентивните мерки не ги дадат очекуваните резултати, одговорните истакнуваат дека ќе се пристапи кон примена на Законот за амбиентален воздух и Законот за животна средина чии одредби предвидуваат казнување на несовесните граѓани и правните лица согласно законските прописи.