Со 1.000.000 денари поставена урбана опрема и детски реквизити во 5 неготински села PDF Print
There are no translations available.

    Со единствена цел за обезбедување соодветни услови  за рекреација, престој и поминување на дел од слободното време, во изминатиот период општина Неготино изврши поставување на нова урбана опрема и детски реквизити во 5 неготински села. Имено, со 650.000 денари реализирана е набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во населените места Д.Дисан, Војшанци, Дуброво и Криволак. Исто така, со средства во висина од 350.000 денари во Пепелиште е ставен во функција новиот забавен парк со изработка на патеки од бехатон коцки, фигури од камења, посадена е трева, цвеќе и засадени се 15 дрвца. Во забавниот парк во Пепелиште поставена е и урбана опрема и тоа 4 клупи за седење, канти за отпадоци и 4 нови детски реквизити.