Проекти за учениците и наставниците од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со реализирање на повеќе проекти, подобрувањето на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес се чувствува во двете основни и средното училиште, детската градинка и во други установи. Во ООУ„Гоце Делчев“ е ставена во функција новата летна училница, реконструирана е наставничката канцеларија и заменети се старите и поставени се нови прозорци во спортската сала. Во училиштето „Страшо Пинџур “  се работеше на подбрување на енергетската ефикасност, во двата клона на детската градинка „Фемо Кулаков“ се подобрија условите за престој на дечињата и за работа на персоналот,локалната библиотека набави најсовремен 3Д печатач кој им е ставен на располагање на сите заинтересирани, а не изостанаа активности и во средното општинско училиште. Преку ИПА проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ предвидена е замена на надворешните врати и прозорци и поставување на сончеви панели за обезбедување топла вода за потребите на корисниците на спортската сала и одвивање на кабинтеската настава во училиштето. Планирани се активности и инфо денови за важноста на енергетската ефикасност, како и разни креативни активности со учениците. Вредноста за партнерот СОУ„Св.Кирил и Методиј“ изнесува 86.740 евра.