Една година отворена општина-прес конференција на градоначалникот Тони Делков PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска одржа прес конференција „Една година отворена општина“ на која ги презентираше реализираните проекти и активности во изминатиот едногодишен период. Во продолжение во целост го пренесуваме интегралниот текст од обраќање на градоначалникот Тони Делков.

Почитувани граѓани на општина Неготино, почитувани медиуми!
Пред една година , кога и стапив на функцијта градоначалник на општина Неготино ја имав пред себе мојата  визија, нашата визија-со вистинските лица до модерна,  економски и инфраструктурно развиена општина, енергетски ефикасна со одржливо земјоделско производство и развиен вински туризам“ .
Во остварување на визијата за  Неготино јас, со мојот тим и со граѓаните на општина Неготино веруваме дека тоа што го правиме денес, го оставаме во  наследство за нашите поколенија. Заеднички ги здруживме силите за подобар и поквалитетен живот во Неготино! Бевме и остануваме посветени во нашата мисија-Општина Неготино спроведува развојни проекти кои се од интерес на граѓаните за подобрување на  патната инфраструктура и водоснабдувањето, системот за управување со комунален отпад, обезбедување на поголема енергетска ефикасност во јавните установи, квалитетно образование, култура и спорт, претприемништво и кластерско поврзување во аграрното производство и винскиот туризам, поддршка на бизнис секторот и општествена одговорност со цел одржлив развој на општината.
Пред да ги претставам проектите кои ги реализиравме во текот на годината која измина  и кои се во тек морам да  кажам дека со домаќинско работење, со кратење на голем дел од трошоците, со помош од Владата на Република Македонија, но и со навремена наплата на сопствените приходи на општината, успеавме и ја менаџираме лошата финансиска состојба до денес.

 Презентација Една година отворена општина-прес конференција на градоначалникот Тони Делков

 

ЗАТЕКНАВ И НАСЛЕДИВ АЛАРМАНТНА ЗАДОЛЖЕНОСТ!
Долгови по разни основи 117.000.000 денари!Ги  превземав следниве активности  во правец на делумно решавање на општинскиот  долг:
-Износот од 28.000.000 денари се реализирани кредитни средства во периодот 2016-2017 од вкупно 56.119.766 мкд  од  проектот МСИП за водоснабдување. Инвестицијата  до овој момент е НЕФУНКЦИОНАЛНА , а во 2018 отплативме во два наврати или вратено е 5.611.976 мкд по основ кредит!
-Заостант долг по основ извршени градежни работи–Проектирање и  изведба на работи за рационализација и унапреување на  јавниот водоснабдителен систем  во општина Неготино по Договор со фирма од 2014 и фактура од 2017 година во износ 7.794.758,00 –обврски кои по стапување на фукцијата градоначалник  ги наследив како  обврски од преходната власт и етапно ги исплаќаме во текот на 2018 година!
-Заостант долг по основ неисплатено обврски кон претходен состав на Совет во износ 335.162,00 мкд исплатени во 2018!
-Натрупани и заостанати долгови за превозот на учениците и неисплатени обврски кон локални превозници во износ од 636.282,00 !!!
-Склучени спогодби( судски и вонсудски) со добавувачи  за кои општината етапно врши исплаќање на заостанати долгови !!!
-Неисплатени заостанати обврски по основ чланарини во домашни организации: ЗЕЛС,ЦР на ВПР-исплатено во 2018 износ  533.075,00мкд
-Заостанати неисплатени долгови од претходна власт по основ субвенционирање на новороденчиња износ од 796.034,00 мкд , износот е исплатен во 2018 година
-Испплатени заостанати обврски по основ Договори за експропријација во износ од 1.553,660,00мкд во текот на 2018 година
-Во текот на изминатите 12 месеци покрај кредитниот долг, вративме повеќе од  35.000.000 денари долг што се провлекувал години наназад.
Моја тенденција  е понатамошно враќање на долговите со иста динамика, се до целосното финансиско стабилизирање на општина Неготино!!!
Една година како градоначалник на општина Неготино имам можност и дирекно го  давам својот придонес за доброто на градот и на целата општина.Со сиот мој ангажман и настојување ,согласно мојата изборна програма но  и пошироко верувам дека Неготино се движи кон подобро!Неготино се чувствува подобро!Во Неготино создаваме услови за подобар живот на сите !


КЕ ПОЧНАМ  СО ПРОЕКТИТЕ ЗА ДЕЦАТА:
Со моето стапување на функцијата градоначалник за неполни 2 месеца подготвена е  комплетна  техничка документација за изградба на нова детска градинка во Неготино со 4 клона и 2 јаслени групи за опфат на повеќе од 120 деца. Проектот е аплициран и одобрен во МТСП - Вредноста на проектот е 56.000.000,00 денари за изградба на детска градинка и планирани 3.000.000,00 денари за опремување на истата.
Проектот се очекува да започне инвестиционо во 2019 година согласно планот на Владата и ресорното Министерство за труд и социјална политика.
Тековно се  одржуваат  двата клона на градинката и организирани се  разни настани
Извршени се повеќе зафати за одржување на градинките каде престојуваат 443 деца со вкупна вредност 460.000 денари. Во клон „Мајски Цвет“, набавени се девет плакари за сите занимални  ,2 клима уреди, столици и бироа за сите занимални,2 професионални машини за миење садови и други потребни апарати,играчки за сите возрасти и друго со вкупна вредност од 990.800,00 денари. Бев дел од  Детска недела во детската градинка ,,Фемо Кулаков“ при што подаривме  2 телевизора за двата клона на градинката.
Во тек е тендерска постапка за адаптација на просторни услови, обезбедување на кујнска опрема ,садови за храна и друг мебел и опрема со цел групите во селата Пепелиште, Тремник и Криволак од следната 2019 година да прераснат во градинки за  целодневен престој  на повеќе од  60 деца.
 ПРОЕКТИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ
Подобрена е  енергетска ефикасност во ООУ„Страшо Пинџур“ преку спуштање на плафони и замена на постојни светилки со нови LED светилки.Износ 800.000,00 денари.
Поставени се нови ПВЦ прозори во спортската сала и библиотека  на ООУ ,,Гоце Делчев“ каде настава посетуваат 662 ученици износ од 154.499,00 денари.
Донирана е нова летна училница во ООУ„Гоце Делчев“, од Ротари клуб Неготино  во вредност од  180.000 денари.
На 25.05.2018 потпишан е Договор за Грант за ИПА Проект за прекугранична соработка со Грција ,,со акроним :ЕНПОЛ–ЕЕ каде СОУ,,Кирил и Методиј“е  Партнер 4-Проектот е во тек и предвидува замена на надворешни врати и прозорци, и поставување на сончеви панели за обезбедување на топла врска за спортската сала и кабинетска настава во училиштето.Планирани се активности и инфо денови за важноста на енергетската ефикасност како и разни креативни активности со учениците.
Вредност за партнер СОУ,,Свети Кирил и Методиј 86.740 евра.
Во месец јуни 2018 за ПРВ ПАТ во општина Неготино во организација на општина Неготино се одржа културно забавен и промотивен настан за учениците наставниците и професорите кои во учебната 2017-2018 имаа освоени државни награди.Настанот беше посетен со повеќе од 2000 посетители на градскиот плоштад во Неготино.Награди беа доделени во 3 категории за освоени прво, второ и трето место при учество на државни првенства на ученици од двете основни и едното средно училиште како и награди за нивните ментори(професори и наставници).Вкупно наградени се 26 ученици  и 22 наставници/професори .Реализирани средства од буџетот на општина Неготино за оваа намена се во износ од 148.000 ,00 мкд денари.
ПРОЕКТИ ЗА СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА
Во јули 2018 отворени се  2 мали групни домови за лица со попреченост воНеготино и с.Тимјаник каде се сместени 8 дечиња. Работиме континуирано кон подигање на јавната  свест кај граѓаните и социјална инклузија на лицата со пречки во развојот.
Во тек е проект Општинско корисна работа-поддржан од УНДП,АВРМ и Општина Неготино за поддршка на лицата со попреченост преку вклучување на 15 образовни асистенти во образовниот процес. Даваме континуирана поддршка за функционирање   на групи за предучилишните деца во 7 рурални средини од кои за  4 групи обезбедена е поддршка од општина Неготино и од проектот  Општинско корисна работа ,а за 3 групи  поддршка е обезбедена преку МТСП.
ПРОЕКТИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
На 02.04. 2018 година  потпишан е Договор за Грант за ИПА Проектот со Aкроним ,,wa-mbrella.Проектот опфаќа изградба на ГЛАВЕН КОЛЕКТОР ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА СЕЛОТО ТИМЈАНИК ВО СИСТЕМОТ  ЗА ОТПАДНИ ВОДИ НА НЕГОТИНО(во должина од околу 2000м).Подготовка на техничка документација за довршување на колекторски дел во градот во должина од 400м и подготовка на документација за пречистителна станица.Проектот содржи конференции,инфо денови со вклучена јавност ,завршен настан. Буџетот за општина Неготино е во износ 286.140,50 евра. Во истиот проект за партнер 4-ЈКП „Комуналец“ проектот опфаќа набавка на ОПРЕМА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИОНИ СИСТЕМИ (channel jet)-возило за отпушување на јами и канализации и набавка на геофони за детектирање на загубите за вода во водоснабителниот систем во општина Неготино.Планиран е  и  Настан за светскиот ден на водата 22 Март 2019.Вредноста за ЈКП „Комуналец“ е 195.338 евра.
Преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција  во тек е Проектот ,,–ЕНПОЛ-ЕЕ“ каде општина Неготино е Партнер 2 во истиот.Со проектот се предвидува замена на 1400 светилки со енергетски ефикасни(1100 во градот и 300 во населените места) и 45 мерни броила .Планирани се интервенции во 15 простории во општинската зграда за подобрување на енергетската ефикасност. Вредноста на проектот за општина Неготино е 315.979 евра.
Во периодот август –септември 2018 реализирана е набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во дел од населените места и тоа во село  Долни  Дисан, с.Војшанци,с. Дуброво и Криволак. Вредноста на проектот е 650.000,00 денари .Заеднички проект на  општина Неготино и Биро за регионален развој.
Ставен е во функција новиот детски забавен парк во Пепелиште, кој е изграден со средства од Буџетот на општина Неготино и со несебична поддршка во работна рака од локалните жители.Изработени се патеки од бекатон коцки и фигури од камења, посадена е трева, цвеќе и дрвца. Поставена е и урбана опрема (4 клупи за седење и 3 канти за отпадоци, 4 нови детски реквизити). Вредноста на инвестицијата изнесува 350.000,00 денари.
Во текот на 2017 година аплициран во Биро за регионален развој е проект за  уредување на постојни , нови паркови површини и урбана опрема на Спомен костурница –општина Неготино. Проектот е позитивно оценет и се очекува потпишување на договор.
ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО
Во врска со главниот проблем во општина Неготино-водоснабдувањето превземени се активности во правец на  ставање во функација на реконструираната  но сеуште нефункционална водоводна мрежа на 10- те улици во градот.За таа цел во текот на 2018 година се работеше на докомплетирање на техничката документација, се извршија неколку интервенции од изведувачот ,се направија неколку состаноци за натамошно насочување во правец на доискористување на кредитната линија.Во тек се активности за повлекување на останати  средства  во износ од 27.332,223 мкд од кредитната линија од МСИП проектот од Светска Банка преку Министерството за финансии за изведбени активности на водоводната мрежа во градот со цел довршување на започнатото и ставање во функција во вистинска смисла на зборот на овој капитален проект за општина Неготино.
Во тек  е  изградба на водоводна, фекална и атмосверска канализација во  индустриска зона-УЗ 8 блок 1.Се гради  канал во должина од 330 метри, фекална мрежа со опфат на краци во должина од 808 метри, атмосферска канализација од 372 метри и водовод за улиците 3 и 4 со опфат на краци во должина од 809 метри.Вкупна вредност на работите изнесува 12.000.000 денари. Се спроведува преку Министерството за транспорт и врски со средства одобрени од Европската инвестициона банка.
Со средства од Јавното претпријатие за патишта извршена е реконструкција и асфалтирање на главната обиколница во општина Неготино .
Во месец септември 2018 извршена е санација и асфалтирање на главната улица „Маршал Тито“ во должина од 800 метри.Вкупната вредност на проектот изнесува 6.000.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино.Тампонирани се и улиците во повеќе неготински села (Д. Дисан, Пепелиште, Тремник, Курија, Црвени Брегови)  во вкупна должина од  2380м.
Во тек е изградба на комунална инфраструктура- Атмосферска канализација на улица ,,Браќа Миладиновци” Неготино во должина од 470 метри
Вредност на проектот 3000.000,00 денари од кои 1.500.000,00 денари обезбедени преку Министерство за животна средина и просторно планирање и 1.500.000,00 буџет на општина Неготино.
Во тек се работни зафати за уредување на улица во Тимјаник со бекатон коцки.
Извршена е санација на тротоар од левата страна на ул„ Борис Кидрич“ во должина од 150 метри со опфатена и уредена површина од 230 м2. Уреден е тротоарот на потегот кај црквата „Св.Атанасиј“ од десната страна на ул. „Партизанска“, во должина од 150 метри.
Во тек е санација на тротоар на улица ,,Маршал Тито“ во должина од 80 м.
Средствата за изведување на работите се обезбедени од Буџетот на општина Неготино во износ од 1.000.000,00 денари.
Заради поголема безбедност на пешаците во централното градско подрачје поставени се нови метални столбчиња на тротоарите, а поставена е нова вертикална и хоризонтална  сигнализација низ целиот град.
ДРУГИ ПРОЕКТИ
Преку приватна иницијатива во центарот на Неготино се гради  НОВ  СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ со цел подобрување на бизнис климата, нови инвестиции и нов урбан лик на централното градско подрачје.Долгогодишниот запуштен простор на салата,,Партизан,,станува функционален и добива нов лик.
На 09.11.2018 Одобрен е Проект за развој на  локална и регионална конкурентност во туризмот согласно втор повик 2018 .Проектот беше аплициран во август 2018 со наслов:,,Вински ,апи и еко туризам  во Неготино и околината,,:Истиот предвидува  разубавување и поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции и автентични обележја. Со проектот се предлага нов  модерен изглед на Неготино на влезот( 1) во Неготино  под Макпетрол ( стара бензинска пумпа) па се до автобуска станица и на влезот(2) Кавадарци - Неготино до Музеј на град Неготино.Истовремено проектот предлага подобрена патна сигнализација, поставување на нова урбана опрема од типот клупи, корпи за отпадоци,контењери,уредување на винска архива во Желкова куќа, летниковци и автентични обележја .Проектот предвидува и адаптација на стара училишна зграда во с Вешје во современ едукативно-туристички и промотивен АПИ Центар за развој на пчеларство  како и  партерно и хортикултурно  доуредување на пчелен  парк во с.Вешје,поправка на постојна и набавка на нова саемска опрема за организирање на  вински и други настани.Вредноста на проектот е околу 16.000,000 мкд од кои околу 10% обезбедува општина Неготино а останатите се грантови средства од ЕУ ИПА фондови пеку Проект за развој на  локална и регионална конкурентност (ПЛРК)
Во тек е изработка на проектна документација за довршување на канализациони, водоводни системи  и соообраќајници во дел од населени места на општина Неготино ( Тимјаник, Пепелиште, Курија и Криволак)

Аплицирани проекти:
Во август 2018 во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој аплицирани се:
Проект по мерка 321-Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини. Патен правец,,Г.Дисан –Вешје,,во должина од 787 м,
Проект по мерка 322-Обнова и развој на селата. Реконструкција на дел од улицата од влезот на с.Тремник во должина од 1000м
Проект по мерка 321-Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини. Проектот е аплициран  преку Вардарски плански регион.Патен правец,,Г.Дисан –Вешје,,во должина од 460 м.
-Проект,,Зајакнување на општинските совети,, аплициран во УНДП
-Во тек е подготовка за аплицирање на проект по Мерка 124 за подобрување на пристапноста до земјоделско земјиште за дел од патен правец,,Калдрма,,Неготино
-Во тек е подготвка на апликација по Мерка 123.Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи за Уредување на градски пазар  Неготино.
ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРАТА, ТРАДИЦИЈА- ОПШТИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Во периодот од 12-14 февруари одржана  е стопанско туристичка манифестација Недела на виното ,,Свети Трифун 2018“ со организирани нови содржини и туристички производи за развој на винскиот туризам
Организирна е Неготинска вечер во рамките на Традиционалниот Неготински панаѓур 2018 – во месец септември 2018 година
-За развој на музејската дејност  извршено е реновирање  на  условите за чување материјали во Музејот на град Неготино . Извршена е  промена на подот во депоата, промена на сталажите со нови поиздржливи и промена на картонските кутии во кои се чува музејскиот материјал со нивна замена со нови пластични кутии.  Вредност на инвестицијата оклу 200.000,00мкд.
МЛАДИ И СПОРТ
Одржани се повеќе настани
„Европска недела на безбедност“ - „Ден без автомобили“ во Неготино
- Street ball-улична кошарка
-Штафетната трка за мир во Неготино
-Во ООУ,,Гоце Делчев“ одбележана Eвропската недела на спортот
-Во организација на ЗГ,,СПО-КУЛ,, Неготино се цртаа графити и мурали на градскиот кеј во чест на  ослободувањето на Неготино-8ми Ноември.
-Организирани се Традиционални осмоноемвриски трки во чест на  ослободувањето на Неготино-8ми Ноември.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Со Грант од амбасадата на Германија во Македонија за потребите на ЈКП ,,Комуналец“ се обезбедија  1 агрегат за струја, машина за сечење на асфалт и бетон, како и машина за одзатнување на канализационата мрежа.
Со поддршка на Министерство за локална самоуправа и ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија, на 5 Октомври 2018 во Неготино организиравме Ден на Европска соработка со активности на општинската администрација, образовните установи, Здруженија на граѓани, Центар „Порака“ за лица со посебни потреби, ПЗ „Неготински мед“ и други граѓани.
-Спроведовме   активности од Мерката мрежа на збратимени градови за Проектот „Генерација Европа“ помеѓу општина Неготино и збратимената општина Попово од Р.Бугарија, како и помеѓу општината Евротас од Р.Грција.
Во текот на 2018 година остварив  повеќе работни средби  со неколку амбасадори
-Работна посета на Амбасадорот на Унгарија во Неготино.
-Посета  на збратимена општина Попово-Р.Бугарија
-Посета  на Американскиот  Амсадор Џез Бејли во Неготино
-Остварив средба со Јапонската амбасадорка во посета на  Општина Неготино
-Општина Неготино во  периодот септември-декември е домаќин  на  13 волонтери од Мировен Корпус

Почитувани граѓани, почитувани медиуми!Работев отворено со Вас цела година.Останувам отворен со Вас и понатаму како во деновите за прием на граѓаните и во сите останати денови и секогаш кога другите службени обврски го дозволуваат тоа.Редовно следете ги сите случувања, настани и проекти на веб страната на општина Неготино  www.negotino.gov.mk. и на другите социјални мрежи.
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО!!!