Заврши јубилејното издание на турнирот во табла “Неготино опен 2018” PDF Печати
   Синоќа, (8 ноември) заврши десетото јубилејно издание на традиционалниот турнир во табла, кој беше дел од богатата програма организирана по повод одбележувањето на Денот на градот – 8ми Ноември. На турнирот учество зедоа педесетина учесници претежно од помладата генерација, кои на тридневниот турнир одиграа интересни партии, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до завршницата. Победник на турнирот е Горан Михајловски кој за прв пат дојде до епитетот победник на овој масовен настан. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 8.000 денари, додека поразениот во исклучително интересното финале, вицешампионот на турнирот Илија Петров доби диплома и парична награда од 5.000 денари. Третопласиран на турнирот е Атанас Стојчев, кој забележа победа во малото финале и на тој начин заработи парична награда од 2.000 денари.