Театарската комедија “Умри машки” во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” PDF Печати

  Вечерва (среда, 7 ноември) со почеток од 19 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде одиграна урнебесната театарска комедија “Умри машки” во изведба на демиркапискиот театар “Мирка Гинова”, како дел од богатата програма организирана по повод одбележувањето на Денот на градот 8 Ноември. Театарска комедија “Умри машки” е работена по текст на Алдо Николај, во режија на Томе Атанасов, а играат за неготинската публика добро познатите актери на театарот од Демир Капија. Ова е одлична можност за љубителите на театарот од нашиот град да проследат еден од многубројните културни и спортски настани со кои ќе биде одбележан Денот на градот – 8 Ноември.