Отворeн осмоноемврискиот турнир во табла “Неготино опeн 2018” PDF Print
There are no translations available.

   Како увертира во богатата дводневна осмоноемвриска програма која што општина Неготино ја планира по повод одбележувањето на Денот на градот, вчеравечер беше отворен турнирот во табла – Неготино опен 2018. На истиот учество зедоа околу 50-тина учесници, претежно од помладата генерација, што покажува дека традицијата на оваа древна игра во нашоит град продолжува да се негува. Турнирот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Неготино - Диме Витанов, а ќе трае до 8 ноември (четврток) кога ќе бидат доделени наградитете за најдобрите тројца учесници на истиот.