Најдобриот млад научник во РМ Сретен Давидов добитник на наградата 8-ми Ноември PDF Печати

   Неготинецот Сретен Давидов прогласен за најдобар млад научник кој работи во полето на електротехниката е добитник на највисоката општинска награда 8-ми Ноември која се доделува по пово празникот на општина Неготино. Одлуката ја донесоа советниците во Советот на општината, како и одлука за добитниците на признанија 8-ми Ноември. Добитници на признанија се:- постхумно Илија Ѓорѓиев-стопанственик, пратеник во Парламентот на РМ, потпретседател на општинското Собрание и истакнат и успешен спортски работник, Димитар Ѓорѓиев од областа на спортот, д-р Диме Трајковски од областа на здравството, Велика Димова-хуманист и Павлинка Вељановска-од областа на културата. На добитниците, наградата и признанијата ќе им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на свечената седница на Советот на пштината која ќе се одржи во четврток на 8-ми Ноември со почеток од 12,30 часот.