Турнирот во табла “Неготино Опен” ќе биде организиран по десети јубилеен пат PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на празнувањето на Денот на градот - 8ми Ноември, Општина Неготино по десети јубилеен пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2018”. Истиот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во кафе барот “Стефани” во старата градска чаршија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир изнесува 15.000 денари. Бројот на учесници на турнирот е ограничен на 64, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков. Турнирот ќе биде отворен на 6 ноември (вторник) во 17.00 часот кога ќе биде одиграно и првото коло од истиот.