Се поставува атмосверска канализација и се санира тротоар во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со средства во висина од 3.000.000 денари на улицата „Браќа Миладинови“ се врши поставување на атмосверска канализација со што се решава еден проблем со кој со соочуваат жителите кои живеат на оваа улица. Изведувач на работите е фирмата „Павер трејд дооел“ која го врши поставувањето на цевки за одвод на уличните води од оваа улица, а по завршувањето на градежните работите истата ќе биде вратена во првобитната состојба. Паралелно, се врши санација на тротоар од левата страна на ул,Маршал Тито“ на потегот од ул „Манчо Малиминов“ до експозитурата на Комерцијална банка на вкупна површина од 370 м2. Со санацијата се заменува постоечкиот дотраен бетонски слој и на негово место се поставуваат бехатон коцки. Изведувач на работите е „Градба промет“, а од локалната самоуправа се апелира до моторизираните граѓани да не ги паркираат своите возила и да не го користат овој простор додека трае изведувањето на работите.