Денеска (среда 24.10.) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Со почеток од 16.00 часот советниците во Советот на општина Неготино ќе ја одржат 18-тата седница на која на дневен ред ќе се најдат 24 точки за расправа. Меѓу другото, на дневен ред се предлот-одлуките за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности за оваа година, Програмата во областа на социјалната заштита, Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации, како и измените во Програмите за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино и поставување на рекламни паноа. Се очекува советниците да се произнесат и по предлог-заклучокот за усвојување одлука за измени и дполнувања на Буџетот на општина Неготино-втор ребаланс, по одлуката за утврдување на потреба од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација, се очекува да се донесе и одлука за распишување на конкурс за идејно решение за уредување на спортско-рекреативниот центар за УЗ 9 во нашиот град, како и одлука за прифаќање на физибилити студија за начинот и формата на управување и одржување на јавниот простор за паркирање на подрачјето на општината. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.