Прва победа на кошаркарите на Спорт Тим од Неготино PDF Print
There are no translations available.

  По неуспешниот старт на сезоната во Втората кошаркарска лига – запад кога кошаркарите на КК “Спорт Тим” од Неготино беа поразени во првото коло од екипата на Гостивар на гостински терен иако на моменти имаа и 16 поени предност, синоќа во драматичен натпревар со пресврт во последната четвртина од натпреварот против силната екипа на Партизан Мулти Шпед од Скопје успеаа да слават со 1 поен разлика и да ја запишат првата победа во второто коло од новата сезона. Резултатот од 64 – 63 во корист на нашиот тим зборува за извонредно драматичниот меч, кој нашите кошаркари со умешност и голема борбеност успеаа да го добијат во последните неколку минути на огромна радост на многубројните гледачи во салата на СОУ “Св.кирил и Методиј”. Во следното коло екипата на Спорт Тим гостува во Скопје, а потоа во четвртото коло (3-ти ноември) следува комшиското дерби со екипата на Спортисимо од Кавадарци на кое со помош на многубројната публика во клубот очекуваат нова победа и пробив кон врвот на табелата.