Во Неготино се врши одбележување на хоризонталната сигнализација PDF Печати

   Со цел за придонесување за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како на моторизираните граѓани, така и на пешаците, општина Неготино започна со одбележување на хоризонталната сигнализација на повеќе локации во градот. Според однапред утврдената динамика, одбележувањето се врши на двете главни улици во градот „Маршал Тито“ и „Партизанска“, потоа на улиците „Борис Кидрич“ и „Фемо Кулаков“, пред училиштата и градинките, во централното градско подрачје и на други локации каде што постојат раскрсници. Се апелира до моторизираните граѓани за внимателно возење и почитување на поставените значи при одбележувањето на хоризонталната сигнализација, со напомена дека одбележувањето на хоризонталната сигнализација на двете главни улици ќе се врши во текот на ноќните часови кога и фреквенцијата на возила и пешаци е помала.