Пензионери од „Анри Динан“ реализираа акција за чистење на градот PDF Print
There are no translations available.

   На иницијатива на раководството на клубот на пензионери-хуманисти „Анри Динан“ при Црвен крст Неготино, а со поддршка на градоначалникот Тони Делков и ЈП„Комуналец“, денеска поголема група пензионери реализираше акција за чистење на делови од градот. Акцијата ја спроведоа членови на клубот преку чистење на јавни површини, повеќе улици и тротоари, со цел, како што истакнаа од иницијативниот одбор, како што сакаме дома почисти дворови, така сакаме да имаме и почисти јавни површини со посебен акцент на чистотата во централното градско подрачје, маркетите и производствените погони. Како што истакнаа учесниците во акцијата, со оваа скромна активност целта е да се поттике вклучување во вакви и слични акции на сите категории граѓани кои живеат во Неготино, пред се помладите генерации, училиштата, културните институции и други, а со тоа самите да придонесеме да имаме почист град и да живееме и егзистираме во почиста животна средина.