Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностСедмо издание на меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров” |
Во организација на боречкиот клуб “Неготино” и општина Неготино годинава во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” се одржа седмото по ред издание на меморијалниот турнир во борење слободен стил “Јован Димитров”. Во рамките на програмата во 10 часот беше положено свежо цвеќе на споменикот на трагично загинатиот наш сограѓанин Јован Димитров во војната на поранешните југословенски простори, а од 11 часот започнаа борбите на турнирот на кој учество зедоа преку 80 млади борачи во следните конкуренции: машки – помлади пионери и пионери и женска конкуренција од боречките клубови: домаќинот БК “Неготино”, “Лирија” и “Тефејуз” од Скопје, “Бучим” од Радовиш, “7ми Мај-Леов” од Прилеп, “Олимпија” и “Балканец” од Штип и “Борец” од Велес.
|