Седмо издание на меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров” PDF Print
There are no translations available.

  Во организација на боречкиот клуб “Неготино” и општина Неготино годинава во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” се одржа седмото по ред издание на меморијалниот турнир во борење слободен стил “Јован Димитров”. Во рамките на програмата во 10 часот беше положено свежо цвеќе на споменикот на трагично загинатиот наш сограѓанин Јован Димитров во војната на поранешните југословенски простори, а од 11 часот започнаа борбите на турнирот на кој учество зедоа преку 80 млади борачи во следните конкуренции: машки – помлади пионери и пионери и женска конкуренција од боречките клубови: домаќинот БК “Неготино”, “Лирија”  и “Тефејуз” од Скопје, “Бучим” од Радовиш, “7ми Мај-Леов” од Прилеп, “Олимпија” и “Балканец” од Штип и “Борец” од Велес.



Борачите на БК “Неготино” остварија забележителни резултати во неколку категории, односно:

1.        Борачи родени 2008/09 и помали (помлади пионери)

Категорија: 32 кг. Кристијан Лазаров – трето место место

2.        Борачи родени 2006 и 2007 (помлади пионери) во следните категории:

Категорија: 38 кг. Андон Камчев – второ место

Категорија: 62 кг. Хасан Таргитај – трето место

Категорија: 75 кг. Стефан Манев – трето место
 
3.         Борачи родени 2003, 2004 и 2005 (поинери)

Категорија: 68 кг. Горан Додев – второ место место
                               
4.    Борачи (женска конкуренција) родени 2006 и 2007

Категорија: 46 кг. Стефани Николова – прво место

На турнирот беа доделени и посебни признанија за:

-     Најдобар млад борач беше прогласен Марио Ананиев од екипата на “Балканец” од Штип

-     Најдобар техничар е рамадан Рамадани од екипата на  “Лирија” од Скопје,  и

-     Најдобар борач на турнирот Стефани Николова од домашната екипа на БК “Неготино” од Неготино


На најуспешните учесници на турнирот им беа доделени дипломи, пехари и медаљи.