Одбележани 27 години од загинувањето на Јован Димитров PDF Печати
   Со палење свеќи и положување цвеќе пред спомен бистата, денеска се одбележа 27 годишнината од загинувањето на нашиот сограѓанин Јован Димитров кој на 19 години го загуби животот во воениот конфликт на просторот на поранешната држава во 1991 година. Свежо цвеќе положија членовите на најтесното семејство, роднини и пријатели, членови на БК Неготино, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој имаше и обраќање пред присутните. Делков изрази искрено и длабоко сочуство до најблиските на прерано загинатиот Јован и ја истакна должноста како и во изминатите 27 години, така и во иднина да продолжи негувањето на сеќавањата на Јован. Во негова чест, во организација на општина Неготино и Боречкиот клуб од нашиот град по 7 пат беше одржан меморијалниот турнир во борење кој го носи името на Јован Димитров и на кој учество зедоа 70 борачи од цела држава.