Активности на градоначалникот Делков по повод Светската недела на детето (5-9 октомври) PDF Печати

   Секоја година, првата седмица од месец Октомври им се посветува на децата под мотото „Детска недела“. Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во рамките на одбележувањето на Светската недела на детето, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков беше во посета на двата клона „Мајски цвет“ и „Пролет“ кои функционираат во склоп на детската градинка „Фемо Кулаков“-Неготино и за потребите на дечињата кои престојуваат таму и вработените кои се грижат за нив им подари 2 телевизори, по еден за потребите на двата клона. Раководниот тим на неготинската градинка се заблагодари на донацијата, ја истакна одличната соработка што како установа ја имаат со градоначалникот и локалната самоуправа и изразија надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.