Заврши поставувањето на детски реквизити и урбана опрема во 4 села во општина Неготино PDF Печати

    На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,  локалната самоуправа во изминатиот период реализираше активности за набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во дел од населените места во неготинска општина. Како што информираат стручните служби,  со градежните активности беа опфатени набавка на материјали и поправка на постоечката урбана опрема и поставување на детски реквизити, како и обновување на подлогата на која тие се лоцирани. Согласно  проектот, нова урбана опрема и детски реквизити се поставувени во 4 села во општината и тоа во Д.Дисан, Војшанци, Дуброво и Криволак и со истите на локалното население, а посебно на најмладите сограѓани, им се создадени услови во одмор и релаксација да поминуваат дел од своето слободно време. Вредноста на проектот е 1.000.000 денари од кои 500.000 се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а 500.000 денари се од Буџетот на општина Неготино.