Донирана опремата добиена со проектот Open fun football school PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот Тони Делков денес ги посети воспитно-образовните установи од општината и донираше спортска опрема за истите, добиена преку проектот Open fun football school, кој од оваа година по подолга пауза повторно беше реализиран во општина Неготино. Во месец септември беа реализирани четири работилници за 90 деца од Неготино и 35 деца од Демир Капија на возраст од 6 до 12 години, преку кои најмладите заедно со тренерите – волонтери имаа можност да се дружат, забавуваат и преку игра да ги учат тајните на најважната споредна работа на светот - фудбалот. Инаку, Open Fun Football Schools е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA). Преку канцеларијата на Open Fun Football School во Македонија, ги вклучува општините кои сакаат да земат учество во проектот со финансирање на опремата и активностите кои се дел од истиот. По завршувањето на практичниот (работен) дел од школата добиената спортска опрема од канцеларијата на Open Fun Football School – Македонија, градоначалникот на општина Неготино денес ја донираше во двата клона на детската градинка “Фемо Кулаков”, основните училишта “Гоце Делчев” и “Страшо Пинџур” и двете фудбалски школи на ГФК Неготино и ФК “Jанг Бојс” од Неготино. Исто така, дел од опремата беше доделен и на фудбалските клубови кои се натпреваруваат во неготинската општинска лига. На овој начин беа финиширани овогодинешните активности во рамките на овој корисен и благороден проект.