Анкетен лист за мапирање на бизнис сектор PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино, во рамките на проектот ,, Мапирање на потенцијални засегнати страни за развој на Вардарски плански регион”, започна со реализирање на активностите предвидени со горенаведениот проект. Проектот опфаќа мапирање на сите потенцијални засегнати страни на територијата на општина Неготино: мапирање на бизнис сектор(институции за подршка на бизнис сектор и приватни/деловни ентитети), мапирање на јавен сектор (политички сегмент, јавни институции/претпријатија, државна/општинска администрација и други релевантни институции вклучувајќи ги и медиумите), и мапирање на граѓански сектор. Истовремено, Ве известуваме дека собраните податоци ќе бидат ставени во функционална веб база на податоци која ќе биде во функција на дневните потреби на развојните регионални центри и општина Неготино. Во функција на собирање на релевантни податоци, во прилог доставуваме Контактен прашалник. Ве молиме истиот,  уредно пополнет да го доставите до општина Неготино или на E-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .
Ви благодариме за соработката.
Анкетен лист