Градоначалникот Делков потпиша договори за национално- кофинансирање на 2 ИПА проекти во општина Неготино PDF Печати

   На 21 овој месец во просториите на Владата на РМ во присуство на Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, претставници на Владата и градоначалници од земјава, меѓу кои и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, беа потпишани првите 14 договори за национално кофинансирање од вкупно 40  одобрени  проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија. Согласно Договорот, за проектот WA-MBRELLA преку национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа  на општина Неготино  како партнер 2 на проектот ќе и бидат префрлени средства во висина од 43.500 евра или 15 отсто од вкупно 286.140 евра колку што чини целиот проект кој се однесува на изградба на колекторот Тимјаник-Неготино во должина од 2.000 метри, набавка на геозвучни детектори за мерење на загубите на водата за пиење, подготовка на техничка документација за довршување на колекторот во Неготино во должина од 400м и техничка документација за пречистителна станица, како   и други едукативни мерки во рамките на истиот проект.Преостанатиот износ   на проектни средства ќе бидат обезбедени од Европската Унија. За истиот проект, Договор за национално ко-финансирање наскоро ќе потпише и ЈП,,Комуналец ,,Неготино како партнер 4  во овој проект. Во рамките на истата програма, градоначалникот Делков потпиша и Договор за национално кофинансирање преку Министерството за локална самоуправа и за проектот ENPOL-EE за подобрување на енергетската ефикасност во општина Неготино преку замена на улично осветлување, подобрување на енергетската ефикасност во  општинската зграда и други едукативни и промотивни мерки, за што на општина Неготино од Министерството за локална самоуправа  ќе и бидат префрлени 47.400 евра, односно 15 отсто од вкупната сума од 315.979 евра потребни за реализација на проектот. Останатите средства ќе се обезбедат  исто така од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија. За истиот проект договор за национално ко-финансирање со Министерство за локална самоуправа наскоро ќе потпише и СОУ,,Св Кирил и Методиј,,Неготино како партнер 4 во овој проект.