Фото Галерија: Неготинска музичка вечер-2018г. PDF Печати

   По неколкугодишна пауза и неодржување, синоќа на старата градска чаршија во нашиот град се одржа настанот Неготинска музичка вечер 2018 година, како составен дел од 6-дневната програма што општина Неготино ја подготви и реализира пред и за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур. Интенција на локалната самоуправа е оваа манифестација повторно, како во минатото, да стане традиционална и да се одржува секоја година, а во прилог на потребата од нејзино континуирано одржување оди огромната и масовна посетеност на истата од страна на граѓани на општина Неготино, но и од соседните општини. Вечерта помина во пријатна и релаксирачка атмосфера со забава и музика за повеќе генерации, а во музичкиот дел свој настап имаа Бени и Нон-стоп, Амар Гиле и DJ COSMO Z.