Во среда (19.09.) во Неготино одбележување на „Ден без автомобили“ PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино и градоначалникот Тони Делков активно ќе се вклучат во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ што се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а по тој повод се покануваат сите заинтересира граѓани да се вклучат во активноста која во нашиот град ќе се спроведе во среда на 19-ти овој месец. Настанот кој ќе се одвива под мотото „Комбинирај и движи се“ ќе започне од 11,00 часот со старт кај Музејот на град Неготино, со движење по ул„Партизанска“, “Баба Ана Ташева“ и повторно назад по ул„Маршал Тито“ до градскиот плоштад каде е предвидено завршување на маршрутата. Учество ќе земат ученици од основните и средното училиште, граѓани, претставници од Советот за млади, административци, Здруженија на граѓани и сите заинтересирани граѓани кои ќе се возат на велосипеди и други алтернативни превозни средства до 13,00 часот.