Неготино домаќин на семинар за етнокореолози PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, на покана на организаторот, по втор пат за краток временски период го прогласи за отворен семинарот за етнокореолози кој се одржува во нашиот град. Станува збор за настан со учество на околу 100 семинаристи од Република Македонија на кои градоначалникот Делков им посака успешна работа во теоретскиот и во практичниот дел. На семинарот учество зедоа претставници од културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли, а покрај локалната самоуправа, домаќини на настанот беа и градскиот Музеј, Центарот за култура Ацо Ѓорчев" и КУД,,Јане Сандански" од Неготино.