Во сабота Неготино ќе биде домаќин на едукативен семинар за етнокореолози PDF Печати

   Во рамките на манифестацијата „Нов културен бран-2018г.“ во сабота на 15-ти септември нашиот град ќе биде домаќин на едукативен семинар и јавен час за етнокореолозите од Република Македонија со присуство на околу 100 учесници. Настанот за отворен ќе го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој ќе има можност уште еднаш да отвори настан поврзан со културата, науката и стручните кадри-етнокореолози. Овој настан, според организаторите, е поврзан со практичен и едукативен момент, а како резултат на тоа ќе се одржи и јавен час кој ќе го изведуваат етнокореолозите од РМ, со што пак ќе се придонесе за развој на образовниот едукативен систем. Покрај општина Неготино, домаќини на дел од настаните ќе бидат и Музејот на град Неготино, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ и КУД„Јане Сандански“ , а настанот ќе заврши на градскиот плоштад во Неготино каде што и ќе се одржи јавниот едукативен час.