Театарската комедија “Пасивно пушење” ќе гостува во Неготино PDF Печати

  На барање на љубителите на театарот од Неготино, на 11 септември (вторник) со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе гостува комедијата “Пасивно пушење” на кавадаречкиот театар “Иван Мазов Климе”. Претставата е работена според текстот на српскиот драматург Небојша Ромчевиќ, а ја режира Јордан Витанов како гостин од велешкиот театар. Главните улоги во претставата ги играат Диме Коцевски, Видан Станоев, Диме Боцев, Љупчо Настов, Коле Колев и Валентина Ѓорѓиева. Преводот на македонски јазик и адаптацијата на текстот е на Ненад Витанов. Сценографија - Валентин Светозарев; костимографија - Јордан Витанов; избор на музика - Марјан Тодоровски; асистент на режија - Микица Илова; инспициент/суфлер - Благица Илиева; видео продукција - Тони Коцев; сценска поддршка - Диме Темков.  Претставата за првпат е одиграна пред две години на сцената на белградскиот театар “Звездара”, но суштината на истата и денес е исто толку актуелна и свежа. Ова лето доживеа премиера во Кавадарци, а во вторник (11 септември) ќе гостува во нашиот град. Овој културен настан е финансиран од Општина Неготино, а логистичката и техничката поддршка е на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино.