Финишираат подготовките за одржување на „Неготинскиот панаѓур“ PDF Печати

   И оваа година во нашиот град во организација на општина Неготино, а во соработка со ЈП Комуналец, во деновите 21,22 и 23 септември (петок, сабота и недела) ќе се одржи традиционалната стопанско-туристичка манифестација „Неготински панаѓур“- најголема и најмасовна од ваков вид во Република Македонија. Организаторите ги информираат сите заинтерсирани закупци на тезги и продажен простор кои сакаат да ги користат истите продажни места од лани, дека распределбата на истите ќе се врши во деновите 14 и 15 септември (петок и сабота), со напомена дека за користење на истите тезги задолжително треба да приложат потврда за нивно користење од минатата година. Останатите заинтересирани за закуп на простор за време одржувањето на панаѓурот, тезги ќе можат да закупат во периодот од 17 овој месец па се до почетокот на манифестацијата, секој работен ден во големата сала на општина Неготино од 08,00 до 16,00 часот. Се информираат потенцијалните закупувачи на тезги и продажен простор дека цените остануваат непроменети и ќе бидат исти како минатогодишните, т.е. на ниво од 2015 година врз основа на одлука на Советот на општина Неготино.