Градоначалникот Делков со честитки за првиот училишен ден PDF Print
There are no translations available.

   Со првото училишно ѕвонче отпочна новата учебна 2018/2019 година. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во свое лично име, од име на Советот на Општина Неготино и од името на сите граѓани упати  честитки по повод првиот училишен ден од новата учебна година. На сите ученици од двете основни училишта, средното и подрачните училишта во општината им посака низа успеси во новата наставна година. На најмалите,  на првачињата, кои ја остварија првата средба со своите наставници им посака да бидат успешни ученици кои со радост ќе ги совладуваат училишните материјали и секојдневно ќе ги откриваат убавината на знаењето, другарувањето, љубовта и играта, а на наставниците им посака работни успеси во остварување на мисијата да пренесат знаење и да воспитааат нови генерации здрави личности. Градоначалникот Делков истакна дека сите училишта во општина Неготино подготвено го дочекаа почетокот на новата учебна година со создадени услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.