Започна „Отворената забавна фудбалска школа" во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со учество на 70-тина учесници на возраст од 6 до 12 години, а со финансиска поддршка на локалната самоуправа, во нашиот град започна одржувањето на „Отворената забавна фудбалска школа" на која пригодно обраќање имаше и школата ја отвори градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Градоначалникот истакна дека овој настан има за цел преку игри и педагошки забавен фудбал да го стимулира спортскиот дух кај нашите најмлади сограѓани, како и да го развива другарството меѓу нив. Општина Неготино, рече Делков, е генерален поддржувач на школата при што се остварува една од стратешките определби на општина Неготино за афирмација и зголемување на интересот кај најмладите за спорт и спортски активности. Отворената забавна фудбалска школа ќе се одржува во деновите од овој и наредниот викенд, а проектот е поддржан и од УЕФА со учество на лидери и тренери кои се обучувани на посебни за тоа семинари.