Екипата на „Пицерија Ема“ победник на турнирот во улична кошарка „Неготино 2018“ PDF Печати

   Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на „Пицерија Ема“ од нашиот град и „Партизан“ од Гевгелија кој изобилуваше со квалитетна кошарка и голема незивесност околу победникот, заврши 11-тото издание на турнирот во улична кошарка „Неготино 2018“ на кој првото место го освои неготинската екипа. Наградите во форма на пехари, дипломи, медаљи и парични средства кои ги обезбеди организаторот на најуспешните им ги врачи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој во своето обраќање пред многубројната публика која во изминатите три дена беше присутна на градскиот плоштад истакна дека натпреварувањето поминало во најдобар ред, прикажана е квалитетна кошарка, додавајќи дека радува фактот што секоја година се зголемува бројот на учесници како од нашата, така и од други општини, со надеж дека од година ќе бидеме сведоци на уште поквалитетен турнир во улична кошарка. Златковиќ награди и признанија им врачи и на најдобрите во јуниорска и поединечна конкуренција, а турнирот заврши со одржување на натпреварување во шутирање тројки.